NARDI sa novim logom / 16.09.2008
Nardi Electrodomestici SpA со ново лого
1958 – 2008 г. : после 50 години на тест, постигнувања, успеси и страст Nardi ја обнови корпоративната визија
Новото лого на Nardi е најдобриот доказ дека за компанијата 2008 година е време за нови идеи и иновативни решенија, создадени од стилот на животот во современата кујна.
Едноставно и лесно лого, модерно и експресивно со својата спокојна изразеност. Хармоничност, лесна прифатливост и функционалност, која се однесува на сите производи од семејството Nardi. Промената се изразува мирно во преобразувањето на формата и бојата, за разлика од радикални визуелни промени. На овој начин новото лого се карактеризира со подобра прифатливост без сериозна промена на имиџот на добро познатиот, веќе 50 години запазен знак.
Го променивме надписот, размерите и графичкиот приказ, изградени од 5 бели и портокалови квадрати кои се соединуваат еден со друг.
“ На овој начин ја предсоздадовме идејата за непрекината премостливост помеѓу генерациите – лајтмотив кој се протега уште од далечната 1958 г. Постојаниот прогрес, кој ги поврзува минатите и идните успеси, кои живеат и се случуваат благодарение на нивната непрекината поврзаност. “ - Д-р Марко Нарди, Претседател на Nardi Electrodomestici SpA
Логото постепено ќе се налага, предвидувајќи сите производи на Nardi да го носат новиот знак на запазената марка. Додека процесот не заврши , и сегашното и новото лого ќе бидат застапени во период од неколку месеци.