FABER ЈА ПРЕТСТАВИ ИДНИНАТА НА АСПИРАТОРОТ НА EUROCUCINA 2014 / 15.04.2014

Од 08-ми до 13-ти април 2014 година, во рамките на меѓународниот  саем за кујнски мебел Eurocucina во Милано, светскиот лидер во производството на аспиратори Faber ја претстави својата  најнова сензационална колекција на кујнски аспиратори.

Посетителите на штандот на Faber, дизајниран од Made Studio Милано, го  открија новиот свет на кујнскиот аспиратор, претставувајќи технологии на иднината, оригинални бои и форми и дизајн на новата генерација.

Две различни патеки водеа до иновативните аспиратори на Faber: виртуелен осветлен пат кој завршува  со дигитално претставување на новите модели и аналогна патека,  која  овозможува реално запознавање со сите изложени аспиратори. Поделен на 4 дела, изложбениот штанд претстави ексклузивни модели со различни типови дизајн: Smart, ѕиден, островски и за вградување.

Инсталацијата Quiet Bubble во центарот на штандот на оригинален начин ја  претстави најтивката во светот Sil-K ACT технологија. Преку лабораториска симулација, тркалезната, кабина која  ја изолира бучавата ја демонстрира разликата од 13 децибели во нивото на бучава меѓу аспиратор, опремен со технологија Sil-K ACT и таков кој не е опремен со таа технологија.

Повеќе од 15 нови аспиратори  на Faber  го имаа своето деби во рамките на Eurocucina. Моделот Versus ги импресионира посетителите со целосно рециклирачки материјал - крион од кој е направен, како и со уникатниот  систем за управување Move Sensor, кој овозможува контрола на аспираторот преку движење  на рацете.

Во палетата на Smart аспираторите не може да пропуштиме моделот ICON, кој е истовремено и индуктивна плоча и аспиратор и работи на принципот на лаптоп: новиот хибрид може да се пренесува, затвора и позиционира насекаде.

Во центарот на вниманието беше и Carrè. Конусен и динамичен. Извонредно компактен и моќен. Направен во инокс, гулабова  сина или седефесто розова, Carrè е вистински smart аспиратор, кој може да биде поврзан со smart телефони и таблети, за  да разговарате по телефон или да слушате музика, додека готвите.