FABER с ново лого / 16.09.2008




FABER официјално го претстави новото лого

Докажувајќи го својот квалитет и неоспорени предности на светскиот пазар, апаратите на FABER се одликуваат со иновативниот дух на нивните креатори, но и со неповторлива технологија и дизајн.
За успешно да го претстави постојаниот стремеж кон усовршување на продажната гама, од големо значење за FABER е да обезбеди непрекинато присуство на трговската марка со посредство на чисти и нови визуелни елементи. Повеќе од половина век докажан професионализам во производството на аспиратори, во 2008 г. компанијата официјално го претстави своето ново и усовршено лого.
Дизајнот на новото лого е смислен без радикални промени во имиџот на добро познатиот знак. Соединет со помош на функционалната поврзаност, двојниот иницијал “ f “ во графичка смисла е комбинација од забележителен израз, кој остава впечаток на современост и сигурност. Од друга страна, чистиот дизајн на логото ја претставува прецизноста и квалитетот кој е препознатлив синоним на производите од марката FABER. Основната боја – зелената, ја нагласува модерната визија на знакот на фирмата, симболизирајќи го прогресот и новите дејствија.
Иако променето, логото на светскиот лидер остава наследство на една потврдена и високо ценета трговска марка од страна на корисниците.