Гарантни услови
Увозникот СКОЛЕКС ДОО увоз-извоз Скопје ; ЕЛЕКТРО ПРОМЕТ – Кавадарци и изложбениот салон на НОВАЛЕКС – Скопје, Ви даваат гаранција за квалитет на купениот производ согласно Законот за потрошувачите, со сите задолжителни стандарди и согласно гарантните услови на овој Гарантен лист. Оваа гаранција е додаток и не ги ограничува правата на потрошувачите согласно законите во Р. Македонија.
Кога ќе се појават проблеми со купениот производ и при нереагирање на сервисот во рок од 24 часа во рамките на градовите со седиште на сервисот и 48 часа во целата држава, Ве молиме да се обратите кон службата за услуга на потрошувачите на тел. 02/3227 – 582, или 02/3227 – 580.
ГАРАНТНИ УСЛОВИ
1. Гаранцијата почнува од денот на продажба на производот на купувачот.
2. Оваа гаранција важи само ако гарантниот лист е потполнет читко во моментот на купување производот, да содржи потпис и печат на продавачот и потпис на купувачот и се чува сметката за купениот производ.
ВНИМАНИЕ ! преправани, неправилно и неподполно пополнети гарантни листови се сметаат за неважечки.
3. Оваа гаранција не се однесува за :
3.1 Пластични и стаклени делови кои се наоѓаат по надворешната страна на производот, електрични светилки, кабли за надворешни поврзувања на уредот и друга дополнителна опрема.
3.2 Мали оштетувања по надворешната страна на конструкцијата како и нормално амортизирање на механичките компоненти кои се директно изложени при нормална употреба на производот.
4. Во случај на поправка :
4.1 Сите поправки во гарантниот рок ги обавува само овластен сервисер.
4.2 Гарантниот рок не важи за време на престој на производот во сервисот.
4.3 Увозникот и сервисерот не одговараат за пропуштената корист од производот за периодот додека тој се сервисира.
4.4 Кога има потреба од замена на делови, јазли или одредени детали при поправката, променетите и неисправни делови остануваат сопственост на сервисерот за негово раздолжување за извршената поправка.
4.5 Во случај поправката на производот во гарантен рок да трае 10 дена сметајќи го и денот кога е пријавен дефектот сервисерот ќе го продолжи рокот на гаранцијата за онолку денови колку што траела поправката.
4.6 Во случај поправката на производот во гарантен рок да трае 30 дена сметајќи го и денот кога е пријавен дефектот или пак настанатиот дефект не може да се одклони во гарантниот рок, тогаш на барање на купувачот таквиот производ ќе биде заменет со нов или ќе му биде вратен вложениот износ на купувачот.
5. Бесплатната гаранција престанува да важи :
5.1 Кога купувачот не се придржува кон приложените упатства за : чување, монтирање и употреба на производот.
Увозникот и дистрибутерот не сносат одговорност за козметички повреди на надворешната страна на телото, скршени пластични и стаклени делови на надворешната страна на апаратот, ВО СЛУЧАЈ ДА НЕ СЕ ИЗВРШИ ПРОВЕРКА ВО МОМЕНТОТ НА КУПУВАЊЕ.