Аспиратори

АСПИРАТОРИ

1. Зошто е неопходен аспиратор во кујната?
2. Аспиратор или апсорбатор – во што е разликата?
3. Како правилно да го монтираме аспираторот?
4. Како да се спречи зголемувањето на шумот кај аспираторот?
5. Како да одберам аспиратор со соодветен капацитет?
6. Колкава димензија на аспиратор ми е потребна?
7. Што е потребно за филтрите да имаат максимална ефективност?
8. Како да го исчистам аспираторот, и какви средства да употребам?
9. Дали се чисти внатрешноста на аспираторот?
10. Како правилно да го користиме кујнскиот аспиратор?

 

 

1. Зошто е неопходен аспиратор во кујната?
Кујнскиот аспиратор (абсорбатор) ги отстранува непријатните миризби, пареата и димот кои се создаваат при готвењето, така што престојот во просторијата го прави попријатен и комфортен. Тој е незаменлив помошник на современата домаќинка. Освен што го прочистува воздухот, тој го спречува и таложењето на мрсни честички по мебелот и создавање на кондензација во кујната.
Нагоре


2. Аспиратор или апсорбатор – во што е разликата?
При работа во режим на аспирација, пареата и непријатните миризби се отстрануваат преку оџакот, вентилационите отвори на зградата или директно во атмосферата. Во тој случај апаратот се нарекува аспиратор.
При работа во режим на апсорбција (филтерска верзија) обично нема можност за отстранување на миризбите и пареата, затоа во аспираторот се поставуваат филтри на активен јаглен кои што го пречистуваат воздухот. Рециклираниот воздух се враќа во просторијата. Сите модели кои ги предлага FABER и EUROLUX можат да бидат комплетирани со филтри на активен јаглен.
Од двата начини на работа, попрепорачлив е првиот (аспираторска верзија) затоа што тогаш аспираторот го постигнува полниот капацитет. Таа е поефикасна, сигурна и економична верзија. При работа со филтри на активен јаглен, капацитетот на апаратот се намалува до 25%. Освен тоа, филтерот на активен јаглен се троши и од зависност на интензитетот на готвење, истиот треба да се менува на определен период на време – на секои 2, 3 или 4 месеци.
Нагоре


3. Како правилно да го монтираме аспираторот?
За аспиратор кој е предзначен да ја елиминира пареата, се препорачува да биде монтиран на растојание не помалку од 60 см. и не повеќе од 65 см. од електричната плоча. За апарати кои користат гас минималното растојание е 65 см., а максималното 70 - 75см. Многу е важно да се запази оптималното растојание, бидејќи може да дојде до запалување на металните филтри кое води кон повреди на дифузерната група, осветлувањето и др.
Важно е да се земе во предвид дека изводот за дим треба да биде што е можно поблиску до аспираторот : се препорачува одводот за воздух да биде со дијаметар Ф150, каде што е можно редуцирање до ф120.
На излезот на аспираторот се монтира повратна клапна, која го спречува враќањето на непријатните миризби назад во просторијата. Повратната клапна не се монтира во случај кога аспираторот работи со филтри на активен јаглен.
Нагоре


4.Како да се спречи зголемувањето на шумот кај аспираторот?
Спротивно на логиката, производот на шумот на еден аспиратор се определува од протокот на воздух кој се апсорбира за време на неговото работење. Внатрешните компоненти на аспираторите FABER и EUROLUX се конструирани така да не го спречуваат протокот на воздух по неговит пат. На овој начин се постигнуваат одлични резултати, што се однесуваат на ефективноста и нивото на шум. Истовремено корисно за намалување на шумот е и користењето на одводи за воздух со поголеми дијаметри (120-150 мм.).
Аспираторот, се разбира станува по-безшумен благодарение на новите технологии, кои што се патентирани од страна на FABER. Безспорен доказ за тоа е SILENCE KEY (“Клуч кон тишината“) – револуциоенерниот безшумен систем, способен да го редуцира нивото на шум до 43 db(A) со капацитет од 450 m3/h, кое дозволува до 16 пати побешумно функционирање во однос на работата на стандарден аспиратор, кој што не е опремен со овој систем .
Нагоре


5.Како да одберам аспиратор со соодветен капацитет?
ККапацитетот е главниот параметар на аспираторот. Неговата дефиниција е количината на кубни метри на воздух, кој што апаратот може да ги изведе за еден час преку одводот за воздух со должина од еден должен метар + кривина со 90 степени + уште еден должен метар.Сите капацитети кои се посочени во каталозите на EUROLUX и FABER се измерени врз основа на таа должина.
За да биде ефективен, аспираторот треба 10 пати да го промени и пречисти воздухот во рамки на еден час,се разбира доколку неговиот капацитет е соодветен за површината на кујната.
Во зависност од големината на просторот, капацитетот на аспираторот се добива со помош на следнава формула:
квадратура на кујната х висина на кујната х 10 = капацитет на аспирација кој е неопходен за 10 пречистувања на воздухот во рамки на еден час.

Пример: Кујна со површина од 20m2 и висина 2.6m има потреба од аспиратор со капацитет од 520m3/h; 20m2 x 2.6m x 10 = 520m3/h.

ВАЖНО! При постојано отворена поврзаност со друга просторија, определбата при избор на капацитет е општата квадратура. Аспираторите со голем капацитет – 900 и 1000 m3/h можат да се постават во помали простори само ако има природна вентилација (прозор, врата и тн.). Благодарение на овие отвори се осигурува проток на чист воздух во кујната. Овие отвори го спречуваат создавањето на кондензација во просторот, и помагаат аспираторот да функционира ефективно .
Нагоре

6.Колкава димензија на аспиратор ми е потребна?
Обично аспираторите се со стандардни ширини од 60, 90 и 120 см, за да можат да се вклопат во сите кујни. Како основно правило се зема предвид дека готварската плоча не треба да биде поширока од аспираторот.На пример, доколку површината на готварската плоча е со ширина од 70 см, препорачливо е да земете 90-сантиметарски аспиратор.
Нагоре

7.Што е потребно за филтрите да имаат максимална ефективност?
Метално – касетните филтри FABER многу добро ги задржуваат мрсните честички кои ги има во пареата. На тој начин го заштитуваат моторот на аспираторот.
За да го пречистат воздухот ефективно, филтрите треба да се чистат во машина за миење на садови или рачно со соодветно средство на секои два месеца (во зависност од интензитетот на готвење). Металните филтри не треба да бидат третирани со материјали кој се несоодветни за алуминиум. Се поставуваат повторно на аспираторот чисти и потполно суви.
За максимално олеснување, новите модели аспиратори на EUROLUX и FABER се опремени со индикатор за замрсени филтри, коишто покажуваат кога металните филтри треба да се исчистат, и кога филтрите на активен јаглен треба да се променат .
Нагоре

8.Како да го исчистам аспираторот, и какви средства да употребам?
Блесокот на Вашите апарати зависи од нивната безпрекорна површина. За да се заштити, доволна е мека сува крпа и неутрално средство, без хлор за да не се оштети површината на моделите кои се од инокс.
CLIN&CLIN
CLIN&CLIN е нов производ, создаден од FABER за чистење на иноксови површини. Тоа е салфетка, натопена во специјални масла кои создаваат прозрачен заштитен слој на површината, а на тој начин и штитат. Само со една крпа месечно Вашите апарати можат да бидат идеално чисти и блескави.
За отстранување на различни мрснотии, прав и отпечатоци од прсти е препорачлива и употреба на:
• Спреј за одржување и чистење на инокс WURTH
• Паста за чистење CLIN&CLIN
Благодарение на овие производи Вашите површини од инокс во кујната секогаш ќе бидат во перфектна состојба.
Нагоре

9.Дали се чисти внатрешноста на аспираторот?
Благодарение на патентираниот систем Easy Cleaning внатрешноста на аспираторите FABER може да се одржува во перфектна состојба. Моторната група многу лесно се демонтира. Турбините можат да се извадат и истите да се исчистат рачно или во машина за садови. На тој начин тие ќе направат лесен достап за чистење на одводот за воздух.
Внатрешните врски на кутијата се со гладка завршница и калено стакло, кое ја гарантира безбедноста при работа кога аспираторот се чисти внатрешно. За разлика од обичните копчиња, електронската контрола на FABER е целосно безбедна, со исклучена можност за појава на искри.
Благодарение на системот Easy Cleaning елиминирањето на сите мрсни остатоци е лесно како детска игра, а со самото тоа го прави аспираторот сигурен .
Нагоре

10.Како правилно да го користиме кујнскиот аспиратор?
Современата кујна се почесто не е одвоена во посебна просторија. Таа се претвара во функционално соединение на кујна, трпезарија и хол. Во тој случај потребата од добар аспиратор е задолжителна, кој освен што ќе ги елиминира непријатните миризби, ќе спречи налагање на мрсни честички по мебелот, како и создавање на кондензација во просторијата. Ете зошто е неопходно да бидете запознаени како најоптимално се користи аспираторот.


1. Аспираторот треба да се вклучи една минута пред почетокот на готвењето.
2. Се препорачува работата на аспираторот да продолжи 10 минути и по завршување на готвењето. На тој начин се елиминираат миризбите, се суши внатрешноста на аспираторот и воздуховодите, се спречува создавање на кондензација во режим на филтрирање и се сушат филтрите на активен јаглен (доколку ги има).
3. Филтерот на активен јаглен се троши, кој во зависност од интензитетот на готвење треба да се менува на одреден временски период – на секои 2, 3 или 4 месеци.
4. Важно е да се обезбеди проток на чист воздух во кујната кој ќе спречи создавање на кондензација во просторот, која може да ја влоши работата на аспираторот (природна вентилација, прозори, врати и тн.).
5. Воздуховодот не треба да се поврзува со одводи на печки и камини, и кон вентилациони одводи на бањи и тоалети.
6. Не се препорачува изградба на камини во простории во кои има аспиратор.
7. Мрснотиите и пареата се таложат и се задржуваат на филтрите кои ги има секој модел на аспиратор. За овие филтри да функционираат правилно, во зависност од интензитетот на готвење, истите треба да се чистат барем еднаш на секои 2 месеца
.
Нагоре