Мултифункционални Фурни
МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ ФУРНИ
1. Какви услови се потребни за монтажа на вградливите фурни?
2. Што претставува тангенционалниот мотор (вентилатор) за ладење?
3. Какво значење има внатрешниот вентилатор на фурната?
4. Дали е возможно целосно чистење на фурната?
5. Кои се основните функци на печење?
1. Какви услови се потребни за монтажа на вградливите фурни?
За да се избегне појавата на кондензација за време на готвењето и да се спречи деформација на кујнскиот мебел, неопходно е да се запазат определени технички услови за монтажа на фурната.
Од првостепено значење е поставувањето на отвори за ладење во елементите, кои помагаат во создавањето проток на студен воздух. Во комбинација со тангенционалниот мотор за ладење и топлоизолационата врата, со кои се снабдени сите модели на фурни EUROLUX и NARDI, отворите за ладење ја спречуваат појавата на кондензација и допринесуваат за сигурна заштита на кујнскиот мебел. Имено, поради тоа е важно да се има предвид дека и дното од елементот исто така треба да има отвор.
Нагоре
2. Што претставува тангенционалниот мотор (вентилатор) за ладење?
Тангенционалниот мотор (вентилатор) е поставен во основата на двозонскиот систем за ладење, кој што создава воздушна обвивка околу надворешната страна, а исто така и во вратата на фурната, и на тој начин го спречува распрскувањето на топлина и создавањето на кондензација, а со самото тоа го заштитува кујнскиот мебел. Благодарени на него, вратата од фурната не се загрева, а со тоа се зголемува безбедноста при готвењето. При исклучен терморегулатор и при зададена функција (на пример светло), вентилаторот продолжува да работи до целосно ладење на фурната.
Нагоре
3. Какво значење има внатрешниот вентилатор на фурната?
Внатрешниот вентилатор, кој се наоѓа во задниот дел на фурната и комбиниран со округол греач, или со долен и горен греач дава можност за вентилаторно печење на нивоа, а кое ги има следниви предности:
· Побрзо постигнување на зададената температура
· Рамномерна температура во секоја точка од фурната како резултат на постојаната циркулација на топол воздух која се добива од работата на внатрешниот вентилатор.
· Можност за готвење на две или повеќе нивоа истовремено.
· Побрзо распределување на топлината во внатрешноста
· Пониски температури на готвење во однос на традиционалното печење
· Штедење на енергија и време
Нагоре
4.Дали е возможно целосно чистење на фурната?
Благодарение на современите технологии веќе не е потребно да одвојувате толку многу време за чистење на фурната и постојано да користите средства. Специјално изработените каталитички панели, коишто можат да бидат дополнително монтирани, помагаат во разградувањето на мрснотиите по време на готвењето, така да чистењето може да се исврши само со влажна крпа – без досадно триење и непријатни миризби. За полесно чистење, површината на фурната е покриена со издржлив на висока температура, исклучително мазен и лесен за одржување емајл. Заоблените внатрешни рабови на вратата од фурната штедат дополнително време и енергија затоа што дозволуваат лесно и брзо одржување.
При неопходност од целосно чистење, вратата на фурната може многу лесно да се извади и да се исчисти затоа што нема вдлабнатини и дупки за навртки.а со тоа чистењето го прави да биде лесно и брзо.
Голема предност на сите модели на фурни од марката EUROLUX и NARDI е тоа што вратите се изработени од цело внатрешно стакло кое може да биде демонтирано и повторно монтирано за многу кратко време. Ова дополнително го олеснува целосното чистење на фурната.
Нагоре
5. Кои се основните функци на печење?
Мултифункционалните фурни на EUROLUX и NARDI можат да бидат со 5, 6, 8, 9 и дури 12 различни функции, олеснувачќи ја работата на современата домаќинка.
– Осветлувањето работи цело време во текот на готвењето овозможувајќи одлично да го гледате вашето јадење.
– Работи само внатрешниот вентилатор. Функцијата е наменета за деликатно одмрзнување на длабоко замрзната храна.
– Работи долниот греач. Наменета за режим на приготвување на тестенини и торти, при што е потребна поголема топлина одоздола.
– Функцијата е наменета за јадења од зеленчук и суфлети, како и за јадења со крцкава коричка. Работи само горниот греач.
– Традиционално печење. Работат горниот и долниот греач. Се користи за печење на леб, слатки, торти.
– Комбинација од долен греач и внатрешен вентилатор. Се користи за печење на пица.
– Вентилаторно печење на нивоа. Се препорачува кога треба да печете повеќе јадења истовремено.
– Работи задниот греач и вентилаторот. Функцијата е подобна за освежување на тестенини.
– Грилово печење. Работи само гриловиот греач. За печење на месо, хамбургери, тостови.
– Двоен грил. Работат гриловиот и горниот греач. Се користи за поспоро печење на месо и различни видови на јадење со сос.
– Турбо грил. Комбинација од моќниот грилов греач и вентилатор. За печење поголеми количини на месо и месни производи.
– Двоен турбо грил. Работат гриловиот и горниот греач плус вентилаторот. Функцијата е идеална за поспоро печење на големи количини месо.