Плочи за вградување
ПЛОЧИ ЗА ВГРАДУВАЊЕ
1. Како правилно да монтираме стаклокерамичка плоча?
2. Услови за експлотација и начини на чистење на стаклокерамичките плочи?
3. Услови за експлотација на гасните плочи?
1.Како правилно да монтираме стаклокерамичка плоча?
Сензорските плочи на EUROLUX и NARDI се монтираат на длабочина од 4 до 7 см. во зависност од моделот каде се препорачува воздушен коридор помеѓу апаратите од 2 – 3 см. Од големо значење е да биде поставена изолациона лента помеѓу кантот на апаратот и термо плочата.
2.Услови за експлотација и начини на чистење на стаклокерамичките плочи?
Од големо значење при работата со стаклокерамичките плочи е да се избегне контакт со шеќер и домаќинска алуминиумска фолија. Во првиот случај, при истурање на шеќер, истиот треба да се отстрани што побрзо од површината на стаклото. За вториот случај фолијата влегува во реакција со витрокерамиката и ја нарушува нејзината целост. Се препорачува садовите да се поставуваат суви за да се избегне образување на варови петна. По можност треба да се избегне и така наречениот шоков контакт – топла зона – студен сад. Од економична гледна точка, пожелно е садовите да бидат со размери кои ќе одговараат на зоните и да имаат рамни дна. Многу е важно плочата да се чисти почесто, а затоа може да користите средство за керамика, млака вода и шпатула која е дадена во комплетот.
3.Услови за експлотација на гасните плочи?
Сите апарати на гас се фабрички опремени со дозни за работа на природен гас – метан. При работа со пропан-бутан неопходно е уште при првото готвење да се изврши промена на дизните со оние кои се дадени во комплетот на апаратот. Во спротивен случај може да се појават несакани последици за садовите.