Машини за миење на садови

МАШИНИ ЗА МИЕЊЕ НА САДОВИ

1. Како да одберам соодветна машина за миење на садови?
2. Како се нивелира машината за миење на садови?
3. Што не треба да ставаме во машината за миење на садови?
4. Какви средства се потребни за машината за миење на садови?

 

 

1.Како да одберам соодветна машина за миење на садови?

За да диде максимално ефективна, машината треба да ги има следниве предности:
• Три пати класа А – енергетска, на миење, на сушење и полирање.
• Да има три зони на миење – благодарение на тие предности се осигурува миење на најтешко достапните места.
• Ниско ниво на шум ( 52 децибела ) – благодарение на прецизните технологии и употребата на материјали за изолација на звук, машините на EUROLUX функционираат исклучително тивко.
• Функција одложен старт – за максимален комфорт машината може да биде подесена да започне циклус на миење во најподобниот период од деноноќието, а на тој начин ви овозможува да заштедите и ел. енергија.
• Половично миење – оваа функција дозволува перфектно, брзо и економично миење на садовите, дури и кога машината е наполнета до пола.
• AQUASTOP заштита – системот се состои од вентил и воден пловак кој има за цел да го блокира дотокот на вода кон апаратот доколку системот регистрира преливање на машината за садови.
• Индикатори за сол и сјај – при намалено ниво на солта и средството за сјај, индикаторот на контролната табла свети и ви напоменува дека треба да ја дополните бараната количина .

Нагоре

2.Како се нивелира машината за миење на садови?

Точното нивелирање на апаратот е многу важно за истиот да може да функционира без проблеми. Регулаторниот систем на краевите дозволува процесот на нивелирање да се изврши при монтирање на самото место на машината. Ете зошто машините EUROLUX се исклучително практични.
Вклучените во комплетот силиконски подметки се поставуваат под краевите на машината, а после тоа се поставуваат во предвиденото место, за да го заштитат подот. Тие имаат за цел да го намалат нивото на шум од можните вибрации .

Нагоре

3.Што не треба да ставаме во машината за миење на садови?

Не се препорачува поставување на алуминиумски садови, како и прибор со дрвени делови во машината. Од друга страна, нерѓосувачкиот челик, стаклото и порцеланот се “ најпожелните гости “. При употреба на машината, неопходно е да се отстранат остатоците од храна во садовите. Чашите, шољите и другите обемни садови треба да се постават со дното нагоре – во спротивен случај во нив ќе се собира вода. За лажиците и вилушките има специјална кошница.

Нагоре

4.Какви средства се потребни за машината за миење на садови?
 

Најчесто користено средство е активниот препарат – таблети 3 во 1, прашок или гел.
Втора по значење е специјалната сол за омекнување на тврдата вода – може да не ги користите извесно време, особено ако водата не е со висока тврдост, но сепак специјалистите препорачуваат употреба при продолжената употреба на машината. Понекогаш, доколку забележите бели дамки на садовите, неопходно е да го регулирате степенот на омекнување на водата. За таа цел се користи садот кој што се наоѓа до резервоарот за специјалната сол ( повеќе информации ќе најдете во упатството за употреба ).
Третото средство е течниот детергент за сјај – благодарение на него садовите изгледаат блескаво чисти.
Друго средство е ароматизерот. Тој е особено корисен кога собирате садови во машината повеќе денови. Најчесто се користи во летниот период, Еден ароматизер се користи за 50 – 75 миења, а цената му варира од 50 до 100 денари.
Последено, но не и по значење е средството за чистење на машината – се користи еднаш месечно за машината да се измие одвнатре.
Овие средства можат да се купат во сите подобро снабдени маркети.

 

Нагоре