БИДИ ИНФОРМИРАН! / 09.12.2010

НЕ ДОЗВОЛУВАЈ КОМПРОМИС СО ВОЗДУХОТ ВО ТВОЈОТ ДОМ

Како европски корисник, ти имаш право да го проучуваш пазарот и да ги споредуваш сите можности, кои тој ти ги нуди. И бидејќи ние од LEKS GROUP, повеќе од 20 години, сме целосно посветени на пречистување на воздухот во твојот дом, за нас е важно да бидеш активен и строг во сопствениот избор.

1. Избери го вистинскиот аспиратор!
Независно дали разполагаш со мал кујнски бокс или со пространа кујна, твојот дом има потреба од моќен аспиратор, кој ќе ги спречи мирисите и пареата да навлезат во просторот за одмор.
Од првостепено значење за квалитетно прочистување на воздухот во твојот дом е изборот на аспиратор, чиј капацитет е целосно усогласен со зафатнината на кујната. Зависно од големината на просторијата, можеш да го пресметаш капацитетот на аспираторот на следниот начин:

Пример: Кујна со површина 20 m² и височина 2.6 m има потреба од аспиратор со капацитет од околу 520 m³/h, бидејќи за 20 m² х 2.6 m х 10 прочистен воздух за 1 час = 520 m³/h капацитет.

2. Избери го реалниот капацитет на аспирација!
Во последните години зачестени се случаите, во кои различни компании им нудат на корисниците нејасни и често пати заблудувачки информации во однос на тоа. Тоа наложи да се формира Комитет на европските производители на опрема за домот – CECED, во кој 15-те водечки меѓународни компании се ангажираа да го мерат капацитетот на аспирација на уредите произведени од нив, единствено според утврдениот европски стандард EN 61591.
Во пракса освен капацитетот, измерен според стандардот ЕN 61591, се користат уште поимите капацитет при слободен излез и максимален капацитет. Тие се само теоретски и не може да бидат применети при реалното користење на аспираторот. Капацитетите на сите - повеќе од 100 модели на аспиратори од FABER и EUROLUX, се мерат единствено врз основа на признаениот стандард на Европската унија.

3. Избери го вистинското ниво на бучава!
Нивото на бучава на кујнскиот аспиратор е различно при секој одделен степен на всисување. Затоа е потребно да ти се даде информација, не само за нивото на бучава во најнискиот степен, туку и за децибелите при секој следен степен на работа на аспираторот според стандардот на Европската унија EN 60704-3.

4. Биди активен!
Единствено реалниот капацитет на аспирација и ниво на бучава на кујнските аспиратори, измерени според меѓународно признаените стандарди EN 61591 и EN 60704-3, можат да обезбедат чист воздух и тишина во твојот дом.