НОВ ТРГОВСКИ КАТАЛОГ 2011 / 18.03.2011

Среќни сме што можеме да го претставиме на сите наши  клиенти и на нашите  трговски партнери,  новиот каталог на СКОЛЕКС за 2011 г.


Во овој каталог се вложени нашите сили и емоции, но и нашата визија за тоа какви треба да бидат производите на престижните марки Faber, Eurolux, Nardi и Lino и каков да биде приодот кон нивното претставување.


Создаден со цел да биде максимално корисен за сите клиенти и партнери на фирмата, нашиот нов трговски каталог нуди исцрпни информации за компанијата, трговските марки, сопствената сервисна мрежа на СКОЛЕКС, целосната 5-годишна OPTIMUM гаранција, но не и на последно место - ги нуди и сите нови производни линии на  аспиратори, уреди за вградување и садопери од  Faber, Eurolux, Nardi и Lino.


Деталните информации за сите производи кои СКОЛЕКС ги нуди, практично се распоредени во 9 различни категории на производи, така што клиентите добиваат  исклучително лесен и  брз пристап до бараните производи.


Освен во трговските канцларии на СКОЛЕКС и официјалниот дистрибутер  ЕЛЕКТРО-ПРОМЕТ, каталогот веќе се пласира и во салоните за мебел и специјализираните атељеа за ентериери на територијата на целата земја, а новите цени кои се наоѓаат во него стапуваат во сила од 01.04.2011 г.